Козја сурутка

Козјата сурутка е најздравиот напиток од млечно потекло. Тоа е нус производ при преработка на козјото сирење кое изобилува со витамини, минерали и многу протеини.

Козјата сурутка има толку позитивно дејство врз човечкиот организам, што се вбројува во категоријата најздрави напитоци кои постојат во светот.
За тоа колку е здрава козјата сурутка кажува и податокот дека таа се користи како најквалитетна замена за мајчиното млеко за новороденчиња чии мајки снемале млеко во текот на доењето.


ШТО СОДРЖИ КОЗЈАТА СУРУТКА

Овој напиток содржи дури 16 видови протеини, меѓу кои се и два протеини кои имаат најголема биолошка вредност, тоа се ЛАКТОГЛОБУЛИН и ЛАКТОАЛБУМИН. Протеините кои се содржат во козјата сурутка имаат особина брзо да се апсорбираат во организмот, а со тоа обезбедуваат директен извор на неопходните аминокиселини. Протеините кои се внесуваат преку козјата сурутка му обезбедуваат на организмот дури 23 различни видови на аминокиселини. Притоа, секоја од тие аминокиселини припаѓа на есенцијална група.

Една од најзначајните аминокиселини која ја содржи козјата сурутка е ТРИПТОФАН. Триптофанот е есенцијална аминокиселина која директно влијае врз производството на серотонин во организмот кој е познат и како “хормон на среќата” и овозможува одреден степен на позитивно расположение.


ЗОШТО Е ЗДРАВА КОЗЈАТА СУРУТКА?

Поради што изобилува со протеини добра е за здравјето и за функцијата на мускулите. Се препорачува кај трудници и доилки, лица подложни на потешки физички активности и напор, лица кои се занимаваат со спорт, при вежбање и градење мускулна маса. Се препорачува и кај лица со белодробни заболувања, лица изложени на токсични материи, или чисто за детоксикација на организмот, Пушачи, лица кои претерале со консумирање алкохол, после долготрајна употреба на лекови, при повишено ниво на холестерол во крвта, дијабетичари, и лица кои имаат срцеви заболувања.

Козјата сурутка многу ефикасно го подигнува ИМУНИТЕТОТ, па затоа е добра за заштита од вируси и други инфекции во организмот.

Познато е дека козјата сурутка успешно лечи изгореници од сонце или оган.