ФАРМА

Во 2014 година инвестиравме во сопствена фарма за кози со цел органско производство на козјо млеко на сопствено земјиште од 4300 м2 во селото Сирула, кое е 15 км оддалечено од градот, се наоѓа на 950 метри н.в, во еколошки чиста средина и има пасишта од 500 хектари. На почеток беа набавени 330 сортни кози алпинки од македонски села, а денес фармата располага со 400 кози и околу 200 јариња.

Една коза алпинка раѓа од 1 до 3 јариња, а во периодот на лактација, кој трае околу 280 дена, дава до 500 литри млеко.

На фармата живеат двајца сточари кои деноноќно се грижат за козите.

Молзењето на козите се одвива со автоматски пумпи, а измолзеното млеко веднаш се носи во погоните на фабриката каде што се преработува.